Меган Маркл имала афера со овој згоден маж? Сега ТОЈ проговори и ја раскажа својата страна

Британскиот пејач, текстописец и актер, 32-годишниот Макс Џорџ, неодамна реши конечно да разговара за наводната афера што ја имал со поранешната актерка, 39-годишната војвотка од Сасекс, Меган Маркл. Имено, иако тој во моментов е во среќна врска со ријалити ѕвездата Стејси Гигс, минатата година медиумите започнаа да кружат информации дека Макс и Меган имале афера откако сопругата на принцот Хари се разведе од првиот сопруг, филмскиот продуцент Тревор Енгелс. За да се стави крај на гласините, Макс сега ја раскажа својата страна на приказната.

- Не знам од каде потекнува сево ова. Читав нешто за време на викендот, но исто така прочитав дека таа барала Англичанец. Не знам зошто и го прават ова сега. Немаше ништо од моја страна - рече поранешниот член на групата „The Wanted“ за време на гостувањето во утринската програма. Исто така, Макс ги демантираше гласините дека Меган му испраќала пораки во периодот кога барала англиско момче.

За потсетување, Меган го раскина првиот брак со филмски продуцент во 2013 година, по две години заеднички живот. Поранешната актерка во тоа време наводно по секоја цена сакала да има Британец за нејзино следно момче, па преку заеднички пријатели заминала на состанок со британскиот принц Хари, кој е три години помлад од неа. Двојката наскоро и официјално ја потврди својата врска, а во 2018 година го крунисаа својот брак.