Мерцедес во дилема, Ботас во опасност: Дали ќе успее да си го зачува местото во тимот?
Валтери Ботас моментално се бори да остане во Мерцедес Ф1 тимот..
Формула 1, 2019 сезона
е веќе на својата половина, а тоа значи дека тимовите веќе се спремаат за
следната сезона и добро внимаваат какви важни промени ќе се случат. Иако, многу
тимови веќе работат на промените на болидите, најголемата промена најверојатно
ќе се случи кај Мерцедес. Мерцедес изјави дека моментално го тестира младиот
возач Естебан Окон, кој може да го замени Ботас во следната Ф1 сезона. Тоа би
значело дека Ботас би излегол од овој тим и дека ќе мора да побара ново
засолниште во овој спорт.
Хамилтон, секако останува број 1 Мерцедес возач, но младиот Окон покажа голем талент и ако се докаже уште повеќе, многу лесно може да му го преземе местото на Валтери Ботас.
„Не сум сигурен што ќе се случи, ќе направам се за да останам во тимот на Мерцедес, но ако Окон се покаже како подобар, тогаш ќе мора да преминам во план Б, па можеби и план Ц и да побарам друг тим за кој ќе се тркам“ – изјави Ботас.
Тој објасни дека не го сака овој вид на неизвесности дека ќе почека уште малку за Мерцедес да донесе одлука, а ако не го направат тоа, тој ќе го промени тимот во секој случај. Фановите не сакаат Ботас да замине, бидејќи оваа сезона возеше фантастично и беше одлична поддршка за Хамилстон, но останува да видиме што ќе одлучи тимот на Мерцедес на самиот крај.