Месец на мажите со стил: Голема MOVEMBER акција со попуст до -20% на топ брендовите!

Ноември, традиционално месецот на мажите, пристигнува со голема причина за радост – омилената MOVEMBER акција официјално започна, а попустите се подобри од кога и да е. Овојпат, машката колекција есен–зима ’25 е намалена до -20%, што ја прави идеална можност да се освежи гардеробата со квалитет, стил и препознатлива елеганција.

Во понудата се вклучени премиум парчиња од најбараните брендови: Boss, Bitsiani, Geox и Springfield – имиња кои гарантираат модерен изглед, издржливост и совршено вклопување во секојдневниот урбан стил на современиот маж. Од елегантни кошули и сезонски јакни, до удобни обувки и кежуал комбинации за викенд – изборот е голем, а моментот е совршен.


MOVEMBER е месец во кој ги славиме мажите и го потсетуваме секого на важноста од грижа за себе – од здравје, до самодоверба и стил. Затоа оваа акција е вистинска можност секој маж да си подари нешто квалитетно, а дамите да го изненадат посебниот маж во нивниот живот со подарок што навистина вреди.

Попустите важат во сите продажни места, како и онлајн, што го прави шопингот брз, лесен и достапен во секое време.

Не ја пропуштајте оваа Movember можност – подгответе се за сезоната со стил, избор и одлични цени со Fashion Group Macedonia!