Месечен хороскоп за ФЕВРУАРИ: Љубоморни сцени и кавги, но и проблеми од минатото

Лав

Ова ќе биде прекрасен период за сите Лавови кои се во брак или во врска. Се чувствувате добро, што ќе придонесе за подобра атмосфера во домот. Некогаш поставувате големи цели и за себе и за партнерот, но во февруари ништо нема да ви делува невозможно. Идеално време е доколку сакате да работите на заеднички работи. Лавовите ќе имаат можност повеќе да изглегуваат и повеќе време да поминуваат со семејството и пријателите. Слободните Лавови уживаат во флертувањето и во додворувањето, но и понатаму не се подготвени да влезат во сериозна врска.

Девица

Зафатените Девици во февруари ќе имаат можност да поработат на односот со партнерот. Има многу неразјаснети прашања и сега е време да се разјаснат некои работи. Проблемите од минатото нема да исчезнат самите од себе. Бидете искрени кон себе и саканата личности пробајте да пронајдете позитивна страна на секоја расправија и да се потрудите да го поправите она што не е добро. Кон крајот на месецот ќе ви стане јасно дали треба да останете во врска или да продолжите сами. Слободните Девици ќе влезат во врска со личност која ја запознале на патување или преку социјални мрежи.

Вага

Вагата во февруари ќе има многу хармонични и романтични моменти со саканата личност. Кавгите и проблемите од минатото се зад вас и сега може да се опуштите и да уживате во убавите и спокојни моменти. Би било добро да пронајдете малку време за себе и да размислите што се може да направите за себе, а што не сте успеале досега. Слободните Ваги ќе сретнат интересна личност со која имаат многу заеднички теми, лесно може да се јават симаптии помеѓу вас.

Шкорпија

Зафатените Шкорпии ќе имаат можност со својот партнер да разговараат за идните планови. Многу од вас ќе размислуваат за проширување на семејствоот или за заеднички деловен подвиг. Ова е идеално време за да ја зацврстите врската со партнерот, па и да започнете реализација за некоја заедничка идеја, тоа ќе има успешен исход. Слободните Шкорпии и покрај сите додворувања, не може да ја пронајдат сродната душа. Сепак, работите се менуваат кон крајот на месецот кога во вашиот живот ќе влезе личност која ќе ги промени вашите цврсти ставови.


Претходна страна  Следна страна