Месечен хороскоп за ФЕВРУАРИ: Љубоморни сцени и кавги, но и проблеми од минатото
Стрелец
Стрелците кои покрај себе имаат партнер овој месец треба да обрнат внимание на додворувањата отстрана, бидејќи тоа на вашиот партнер нема да му се допадне. За вашата врска да не дојде во криза, најдобро е да се повлече и да не се согласувате на флерт. Можни се кавги во домот и тоа околу финансиите. Слободните Стрелци овој месец најверојатно ќе влезат во романтична врска и тоа со личност која ја познаваат подолго време. Тоа би можело да биде личност од работното опкружување, теретана или некое друго место каде што често одите.
Јарец
Јарците кои се во врска или брак во овој месец може да се соочат со проблеми со саканата личност. Немате доволно разбирање, што може да ве доведе до чести несогласувања. Никогаш нема да признаете дека грешите и дека едноставно не сте во право. Сепак, треба да се сложите на компромис и да ја спуштите топката, за вашата врска повторно да биде полна со љубов и страст. Слободните Јарци кон средината на месецот би можеле да запознаат многу интересна личност која ќе го привлече нивното внимание. Ве очекуваат интересни состаноци и забави.
Водолија
Зафатените Водолии овој месец се фокусирани на домот и семејството. Саканата личност им дава многу поддршка и разбирање, а најдобро од се е што се уште во неа пронаоѓаат пријател и добиваат искрени совети. Би било добро да бидете потполно отворени во тој однос, бидејќи нема повеќе место за тајни. Слободните Водолии ќе имаат можност да запознаат различни личности, а можно е една да биде по нивна мерка.
Риби
Зафатените Риби во февруари нема да наидат на поддршка од саканата личност. Ќе има многу љубоморни сцени, кавги и расправии. Сепак, кон средината на месецот, се ќе дојде на свое место. Почувствителни сте од порано и бурно реагирате. Останете смирени, за да не ги разгорувате напнатите односи. Слободните Риби овој месец ќе влезат во романтичен однос со личност со која не се познаваат долго. Тоа може да биде меч со две острици, па може да дојде до уште едно разочарување на полето на љубовта.