Спорт // Спорт
Меси објави вест која не им се допадна во Аргентина, ова е последно светско првенство...
Еден од најдобрите играчи на сите времиња, Лионел Меси, на свои 35 години, најави дека мундијалот во Катар кон крајот на годинава, ќе биде последен за него во дресот на Аргентина.
Меси најави дека Катар за него е последен предизвик во кариерата во националниот дрес.
„Донесов одлука, Катар е мое последно светско првенство на кое ќе настапат, тоа е сигурно“ – изјави капитенот на аргентинската репрезентација.
Меси за Аргентина има 90 гола на 164 натпревари, каков ќе биде конечниот епилог, ќе покаже светското во Катар.