Мет гала во знакот на мачката на Карл Лагерфелд: Костимите на Џаред Лето и Доџа Кат предизвикаа најголемо внимание

Мачорот на модната икона Карл Лагерфелд, Чупет не се појави на Мет Гала и покрај тоа што темата на овогодинешниот настан беше избрана во чест на нејзиниот починат сопственик. Сепак, како што пренесува Си-Ен-Ен, неколку присутни се погрижиле Чупет да биде главен, па раперката Доџа Кат и актерот Џаред Лето се појавија облечени како бурманска мачка.


Раперката добитничка на Греми носеше сребрен фустан со качулка од познатиот американски бренд Оскар де ла Рента, комплет со мачкини уши, маска и изострени канџи на ноктите.


За време на интервјуто со Алана Никол „Ла Ла“ Ентони на црвениот тепих во живо на Вог, нејзините реченици беа придружени со неколку „мјаукања“.

Лето пристигна неколку минути подоцна, на почетокот непрепознатлив во костим на мачка од глава до пети. Тој беше облечен како неофицијалната маскота на вечерта, Чупет, со бели шепи и масивна глава на мачка со впечатливи сини очи. 


Другите гости ѝ оддадоа почит на познатата мачка на посуптилни начини. Добитничката на Греми и оскаровка Жанел Моне носеше чанта со шупет во стилот на чантата „Хектор“ на дизајнерот Том Браун, додека актерката Клои Фајнмен својот фустан го спои со чанта со шупет Џудит Либер.

Многумина очекуваа дека 11-годишната Чупет ќе присуствува на настанот, со оглед на тоа колку таа беше важна за Лагерфелд, кој почина во 2019 година. Таа, сепак, одлучи „да остане во мирот и удобноста на својот дом“, изјавија нејзините претставници во понеделникот.


„Секој ден го почестуваме татко ми од нашата разделба и многу сме трогнати што гледаме уште еден ден посветен на него“, се вели во објавата на официјалниот Инстаграм профил на Чупет.

Еден од најважните модни настани во светот, Мет Гала 2023 се одржа во понеделникот во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк, со тема „Карл Лагерфелд: линијата на убавината“, оддавајќи почит на покојниот влијателен и контроверзен моден дизајнер кој ги водеше модните куќи како Шанел, Фенди и модната куќа од неговата истоимена линија.


Настанот, кој традиционално се организира секој прв понеделник во мај, се одржуваше во музејот Метрополитен во Њујорк, а копретседавачи на овогодинешниот настан беа актерките Микаела Коел и Пенелопе Круз, тенисерот Роџер Федерер, пејачката Дуа Липа и уредничката на списанието Вог, Ана Винтур. Кариерата на Лагерфелд ќе биде прикажана и на пролетната изложба на Институтот за костими, „Карл Лагерфелд: линијата на убавината“.


Фото: Инстгарам/ Youtube - screenshoot
Видео: Youtube