Ми дадоа бебе во раце, а рацете ми беа загноени од хероин: Тешка исповед на ѕвездата од серијата „Клан“

Феѓа Штукан, познат на регионалната публика по улогите во филмот „Нечиста крв - гревот на предците“ и серијата „Клан“, во голема исповед за „Блиц“ зборуваше за тешките моменти во животот, пороците и како тој успеа да се извлече од пеколот наречен дрога!

Големиот интерес кај публиката го разбуди на белградската промоција на книгата „Бланк“, каде го опиша својот живот, кој никако не бил лесен. Тој се навраќаше на најтешките моменти во неговиот живот кои го пробија како нож, зборуваше за тоа како бил наркоман 15 години и како размислувал за самоубиство. И тогаш раѓањето на неговата внука му ги отвори очите и ја разбуди борбата за живот.

View this post on Instagram

A post shared by Fedja Stukan (@fedja_stukan_)


- Сестра ми роди ќерка, а јас таа вечер бев во тешка криза. Ме повика да дојдам, да и помогнам да стигне до болница. Бидејќи бев во криза, дилерите не работат после 22, 23 часот, а ова беше некаде околу 2 - 3 часот наутро... И одам со неа во болница и чекам пред врата додека не ме пуштат и не ми се случи криза во ходникот.

Само чекам утрото да се раздени, дилерот да се разбуди околу 10 и само размислувам кога ќе се разбуди и како да одам кај него. Во тие мои мисли, околу 4-5 сабајле, ми ја носат Романа, внуката, ми ја ставаат во прегратка. Немам апсолутно никаков однос бидејќи сум во криза, мислам само на хероин. Тогаш апсолутно ништо не ме интересира, ниту сестра ми ниту нејзиното дете.

Мојата мозочна хемијата е тотално променета, тоа веќе не сум јас, тоа е чудовиште што јаде таков посебен вид на храна, она што се обидов да го објаснам со теоријата на бубашвабите. Бидејќи хероинот, кога зборуваш за него, не можам да зборувам на јазикот на овој свет затоа што едноставно не можам да го опишам. Затоа пробав некои алегории некако да го опишам.

Ми дадоа дете, а рацете ми беа загноени. Тоа се вика „аут“, кога ќе пропуштиш вена и сето тоа ќе отече, загнојува, поцрнува, црвено, зелено, различни бои... раце ми беа такви, насекаде, цело тело. Се беше одамна повлечено, сè овене, па немав каде да се поправам. Во челото, вените на вратот, гениталиите, каде што останало парче крвен сад, тој починал.

Сега и рацете ми беа такви, а јас го држам детето во раце и си мислам дека можеби е последен пат да ја видам, дека тоа е живот кој се родил, а еден живот заминува сега, дека родителите ќе и кажат како имала вујко кој починал од некаков рак, веројатно ќе ја излажат. И тогаш некако сфатив дека можеби е мудро да продолжам да живеам. Во тој момент сфатив, ми беше срам да умрам пред тоа дете - рече Феѓа Штукан.

View this post on Instagram

A post shared by K1 Televizija (@k1televizija)


извор:blic