Михајловски: Ме оставија сам и со НУЛА помош, Вардар не ја доби потребната помош од државата и градот
Михајло Михајловски, првиот човек на РК Вардар 1961, одржа прес конференција повод случувањата во клубот, суспензијата до ЕХФ, бил оставен сам, не ја добил ветената помош од државата и градот …
Интересно е тоа што, Михајловски со пофални зборови говореше за Сергеј Самсоненко, поранешниот газда на клубот со кого Вардар освои две европски клупски круни во Лигата на шампионите.
„Најнапред, сакам да искажам голем респект и почит за работата на Сергеј Самсоненко, во негово време, Вардар стигна до две титули европски првак. Тој од свои причини се повлече, не навлегувам во тоа, јас прифатив да се вратам и да се обидам да го спасиме Вардар. Доведовме играчи кои беа достапни на трансфер пазарот, но јас сето ова го направив во договор со највисоки владини, градски и држани институции. Никогаш немаше да се нафатам сам во овој предизвик бидејќи знам колку средства можам да обезбедам. Знам дека влетавме во лошо време за државата и за клубот, пандемија, енергетска и економска криза, сега и војната во Украина, имам делумно оправдување за сите кои цврсто ми ветуваа дека нема да ме остават на цедило, но морам да кажам, ДОБИВ САМО НУЛА. Луѓе што ветија помош немаа доблест да го испочитуваат тоа. Имам огромна благодарност до спонзорите кои ни помагаа во овие две години, спонзорите што беа крај нас во овие тешки моменти“, изјави Михајловски.
Во новонастанатата ситуација, од позицијата тренер се повлекува Давид Дејвис, а тимот ќе го води Владо Недановски. Дејвис се повлекува бидејќи има амбиции да води клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите.