Михајловски: Речиси 40 компании имаа понуда да му помогнат на Вардар, апелирам за помош на македонскиот спортски бренд
Ракометната гордост Вардар е во хаотична ситуација, суспендиран од ЕХФ во Лигата на шампионите, клубот најверојатно ќе остане и без главниот предводник, Михајло Михајловски.
Михајловски на денешната прес конференција упати апел за помош, на речиси 40 компании им беше понудено да помогнат, доби и НУЛА од државата и градот …
„Моја лична желба беше да се спаси Вардар, да биде на здрави нозе, да биде стабилен клуб. Сакам да се повлечам од клубот, инволвиран во бизниси, и пред играчите ја најавив оставката, но нема да го оставам клубот, барам некој ќе управува со ракометната гордост. Вкупно 37 компании добија покани да бидат спонзори на Вардар. Апелирам до Влада, градот, до сите силни и моќни компании да му помогнат на Вардар, да продолжи традицијата, да остане македонски спортски бренд број еден“ изјави Михајловски.
Во новата ситуација, нов тренер е Недановски, а Борко Ристовски тренер на голманите.