Спорт // Спорт
Милан доби добри вести, титулата на дофат со новите две „засилувања“
Милан в недела ја пречекува Фиорентина, еден од последните четири меча во Серија А, со четири победи „росонерите“ ќе бидат нови шампиони на Италија.
Клубот од Милано и нивниот тренер Стефано Пиоли се на лидерската позиција во калчото, киксот на градскиот ривал Интер кој беше поразен од Болоња, значи дека со максимален број на победи ( четири) до крајот на сезоната со сигурност станува шампион.
Милан против Фиорентина в недела од 15 часот ќе има две „засилувања“ во тимот, се враќа Златан Ибрахимовиќ по повредата, а во тимот ќе биде и Исмаел Бенасер .
До крајот на сезоната, со два бода предност во однос на Интер, екипата на Милан ги има дуелите со Фиорентина и со Аталанта дома, а на гости против Верона и Сасуоло.