Спорт // Спорт
Милан го бара Елмас, Наполи ја одреди цената, 40 милиони за „дијамантот“
Милан има сериозна намера да го днесе Елиф Елмас од Напили, македонскиот фудбалски „дијамант“ објави римски „ТАГ 24“.
Џузепе Витоло, новинар од на „ТАГ24“ тврди дека Милан понудил 35 милиони, но Наполи бара уште 5 повеќе.
„Интересот на Малдини и Масара за Елмас е конкретен, Наполи сериозно ја разгледува опцијата да го продаде Македонецот. Понудата на Милан е блиска до очекувањата на Аурелио Де Лаурентис, тоа се 40 милиони евра , значи недостасуваат уште 5, но договор е можен за Елмас“, пишува Витоло.