Миленикот на жените, пејачот Зоран Ванев по долго време си дојде дома: Друштво му прави синот кој е згоден исто како татко му
Македонскиот фолк пејач кој потекнува од Штип, а долги години живее и работи во Швајцарија, Зоран Ванев објави фотографија со неговиот син Ник.
По подолго време пејачот се враќа во Македонија, па оваа информација ја соопшти преку Фејсбук.
„Со мојот син...летаме до Република Македонија“, напиша Ванев.
Ванев веќе неколку години живее во Швајцарија каде се занимава со медицина. Ретко кој го знае неговиот син Ник, кој е успешен ракометар и игра за ракометниот клуб од Цирих „ Амичитија “.
Зоран повеќе од 20 години е брак со Лидија.За потсетување, тој замина одамна во Швајцарија, а кај нас беше познат фолк-пејач.
Ванев се прослави со хитот „Јужна пруга“, балада која со радост и денес се пее. На врвот на кариерата ја напушти сцената, а денес со семејството живее во Швајцарија и работи како доктор по природна медицина.
Сѐ уште се занимава со музика, но не толку активно, бидејќи настапува и оди, како што вели, само каде што сака. Во последните четири години неговата главна професија е нешто сосема друго. Како што открил, дипломирал на Природно-медицинскиот факултет и станал признат доктор по општа медицина во Швајцарија.
Фото: ФејсбукРЖМ