Милевски: Групата е пеколно тешка, наше е да веруваме во себе

Денес во Франкфурт се одржа ждрепка за квалификациските групи за ЕУРО 2024 кое ќе се одржи во Германија.

Македонија ќе игра со Италија која елиминиравме од мундијалот со победата во Палермо, екстра силната Англија, незгодната Украина со која игравме на дебитантскиот настап на ЕУРО и Малта.

Селекторот Благоја Милевски смета дека ова е тешка група, но ние веруваме во себе.

Фудбалски предизвик за сите нас.  Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме. Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа. Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата. Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат  дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе”- изјави Милевски.