Милевски: Им честитам на момците за желбата за успех, благодарам за се што прикажаа на натпреварите
Македонија го победи Гибралтар со 4-0, во првиот дел запишавме четири гола, еден на Барди од слободен удар, два на Миовски и еден на Чурлинов.
Селекторот Благоја Милевски е задоволен од резултатот, од играта на оние кои добија шанса на овој меч.
„Што ќе се биде до крајот на овие натпревари во Лигата на нации ќе видиме, не го ни знаев конечниот резултат од Тбилиси, не се навраќам на она што прошоло, одигравме добри 50 минути против Грузија, а сепак загубивме. Јас сум задоволен од момците, тие покажаа пристап кој е за секоја пофалба. Без разлика против кога игра овој тим има максимален респект кон секого, но на терен кон никого. Им честитам на момците на пристапот и желбата за успех, благодарам за сето тоа што го покажаа на овие четири меча. Главна цел ни е да создадеме конкурентен тим за квалификациите во ЕП 2024“ – изјави Милевски на прес конференцијата.
Следно за Македнија во Лигата на нации се септемвриските дуели, потребна убедлива победа против Грузија со 4-0, и триумф против Бугарија за прво место во групата.