Милевски: На Велковски му најтешко, од мене и од соиграчите ја има целосната поддршка

Македонија загуби од Грузија со 2-0, две грешки пресудија за поразот во Тбилиси.

Грузија двапати ја казни нашата репрезентација, по еднаш во првиот и вториот дел за втор пораз од оваа селекција во Лигата на нации.

Селекторот Благоја Милевски не е разочаран од прикажаното, критиките кон Дарко Велковски за грешката се реални, но ние сме тим, и сите стоиме зад него, ја имацелосната поддршка.

„Велковски е одличен играч и човек со добар карактер, но сите ние сме тука заедно да му помогнеме, тој е разочаран, тој е и понатаму дел од мојот избор на играчи“ – изјави Милевски.