Милевски: Нашата цел е прво место во групата, одиме максимално на сите средби
Македонската фудбалска репрезентација од денес ги започнува подготовките за претстојните четири средби во јуни во Лигата на Нации – Ц сектор, група 4, гостуваме кај Бугарија (2. јуни) и Гибралтар (6. јуни), а во Скопје доаѓаат Грузија (9. јуни) и Гибралтар (12. јуни).
Селекторот Благоја Милевски очекува репрезентацијата да одигра победнички на сите четири средби, против Бугарија гледаме само спортски, политиката не нè интересира. Ракип и Стефан Ристовски откажаа, првиот поради приватни причини, капитенот поради повреда.
„Не чекаат натпревари со противници со кои имаме израмнет квалитет, ова ќе биде можност да видиме и ние со што располагаме. Нашата цел е да се освои првото место во септември кога ќе заврши циклусот. Морам да кажам дека ниту еден Гибралтар не е целосен аутсајдер, затоа што со самиот пласман во Ц групата покажаа дека се квалитетни. Против Бугарија ќе напоменам дека не интересираат само спортските моменти, сето останато ниту ќе ме интересира ниту ме интересирало. Што е до нас, ќе направиме сè што се во нашите можности да имаме позитивни резултати. Во отсуство на Стефан Ристовски, капитен ќе биде Енис Барди“ – рече Милевски.
Тренинзи на македонската А репрезентација:
Денес – 18:00
Петок – 18:00
Сабота – 18:00
Недела – 11:00
Понеделник – 18:00
Сите тренинзи се на ФФМ.
Список на играчи: