Милевски: Одигравме добро, заслуживме многу повеќе од овој резултат
Грузија ја победи Македонија со 2-0, резултатот според играта не е реален исход на настаните, македонската репрезентација имаше шанси, посед на топката, заслуживме најмалку бод, ако не и сите три, но две наши грешки, го одредија победникот на мечот.
Во Тбилиси Македонија не разочара, но со две грешки, Грузија двапати ја казни нашата репрезентација, по еднаш во првиот и вториот дел за втор пораз од оваа селекција во Лигата на нации, Миовски ја погоди нашата мрежа, а Кваратскелија постигна гол за конечни 2-0.
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски со своја оцена за вечерашниот меч.
„И ја честитам победата на Грузија и пласманот во баражот, горд сум на моите момци, загубивме на наши грешки, за разлика од Скопје, сега одигравме одлично прво и второ полувреме, заслуживме многу повеќе од овој резултат. Што се однесува до прашањето за судењето нема да коментирам, индивидуалните грешки се резултат на послабата физичка и психолошка подготовка на играчите, не сум незадоволен од прикажаното од денешниот натпревар. Велковски е одличен играч и човек со добар карактер, но сите ние сме тука заедно да му помогнеме, тој е разочаран, ние сме тука да му помогнеме, тој е и понатаму дел од мојот избор на играчи“ – изјави Милевски.
Следно за Македонија е дуелот со Бугарија во понеделник од 20-45 на арената „Тодор Проески“ во Скопје.