Спорт // Спорт
Милевски повика нов играч за дуелот со Фарски Острови во понеделник
Македонија со победа против Малта 2-1 ги започна квалификациите за Европското првенство, следно за националниот тим е дуелот со против Фарски Острови закажан за 27 март во Скопје и е од пријателски карактер.
Селекторот Благоја Милевски за новиот тест нема да може да смета на Столе Димитриевски, Висар Муслиу и Ѓоко Зајков кој се повреди на синоќешниот натпревар со Малта.
Милевски се реши да повика уште еден играч во ростерот-тоа е членот на Адана Демирспор, Јован Манев.