Спорт // Спорт
Милевски: Резултатот е најважен, сега се фокусираме на Грузија
Македонија рутински го реши незгодниот Гибралтар со 2-0, по еден гол во двете полувремиња, Барди погоди во првото, а Николов во второто полувреме.
Селекторот Благоја Милевски по мечот со оцена за играта и резултатот.
„Честитки за играчите, за пристапот во играта и желбата да се успее. Резултатот е најважен, а се друго оставаме во втор план, следно е Грузија, и тоа е нов предизвик за нас. Како што најавив, сите повикани фудбалери ќе добијат шанса, на Дени Илиев му дадов шанса да игра, бидејќи игра за клуб кој настапува на вештачка подлога, сакав и да го одморам Столе Димитриевски“, рече Милевски
Следно за Македонија е дуелот со Грузија во Скопје на 9 јуни со почеток од 20-45 часот.