Милевски: Се зависи од нас самите, победа е императив и убеден сум дека ќе стигнеме до добар резултат против Малта

Македонија е утре ја пречекува Малта, квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра во 2024 година а домаќин е Германија.

Според распоредот, Малта е противник против кој Македонија е фаворит на стартот, иако располагаат со добар индивидуален квалитет.

Селекторот Благоја Милевски е убеден во победнички старт.

„Малта има одреден квалитет, со квалитетни индивидуални карактеристики на играчите. Имаме максимален респект кон противникот, но ќе нагласам дека сето она кое ќе се случува на натпреварот зависи во најголема мера од нас самите. Во денешниот фудбал фаворити не постојат, ќе мора да се вложиме максимално за успех. Ја научивме лекцијата од минатите натпревари и сметам дека сега ќе имаме повеќе успешен старт“, изјави Милевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Малта се игра на 23 март на Арената „Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:45 часот.