Милевски: Шанса ќе добијат сите играчи повикани за јунските средби во Лигата на Нации
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференција зборуваше за подготовките и натпреварите на најдобрата селекција од новото издание на Лига на нации.
На првиот собир на нашата репрезентација денеска, пристигнаа дел од фудбалерите, а ќе се комплетира во текот на наредните денови, отпаднаа Стефан Ристовски проади повреда, и Ердал Ракип поради приватни причини. Тихомир Костадинов е во процес на рехабилитација од повредата на коленото.
„Ние сме во група со квалитетни противници. Квалитетот е израмнет, а јас не го запоставувам ниту Гибралтар, иако многумина го сматаат за аутсајдер. Нашата цел е освојување на првото место во септември кога завршува циклусот. Не чекаат шест тешки натпревари, а не само еден или четири. Шанса за настап и за потврда на својот потенцијал ќе добијат сите, ќе правиме ротации, а ќе бидеме задоволни ако го видиме квалитетот и потенцијалот на фудбалерите покажувајќи ни дека можеме да сметаме на нив во иднина, затоа што за нас целта останува ЕП 2024. Базата ја имаме, ја направивме во 2015/16, сега го освежуваме тимот со млади фудбалери од репрезентацијата до 21 година. Покажавме дека можеме да бидеме конкурентни во Европа, но треба да продолжиме во таа насока“ - рече Милевски.
Македонската фудбалска репрезентација од денес ги започнува подготовките за претстојните четири средби во јуни во Лигата на Нации – Ц сектор, група 4, гостуваме кај Бугарија (2. јуни) и Гибралтар (6. јуни), а во Скопје доаѓаат Грузија (9. јуни) и Гибралтар (12. јуни).
Тренинзи на македонската А репрезентација:
Денес – 18:00
Петок – 18:00
Сабота – 18:00
Недела – 11:00
Понеделник – 18:00
Сите тренинзи се на ФФМ.