Милевски со еден „странец“ против Саудиска Арабија

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го соопшти списокот на повикани фудбалери од домашниот шампионат дополнет со тројца интернационалци, за контролниот натпревар против Саудиска Арабија на 22. октомври во Абу Даби.

На списокот на Милевски се наоѓа и Дарко Велковски, а останатите се од домашното првенство: 

Голмани: Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Костадин ЗАХОВ (Шкендија), Игор АЛЕКСОВСКИ (Работнички);

Одбрана: Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ал Етифаг, Саудиска Арабија), Егзон БЕЈТУЛАИ (Шкендија), Марио МЛАДЕНОВСКИ (Шкупи), Кристијан ТОШЕВСКИ (Тирана, Албанија), Бојан ИЛИЕВСКИ (Македонија Ѓ.П.), Зија МЕРЏАНИ (Струга Трим Љум), Владица БРДАРОВСКИ (Шкупи);

Среден ред: Иван НИКОЛОВ (Брегалница), Адем АЛИ (Шкупи), Ферхан ХАСАНИ (Шкендија), Бунјамин ШАБАНИ (Струга Трим Љум), Бојан ДИМОСКИ (Академија Пандев);

Напад: Бесарт ИБРАИМИ (Струга Трим Љум), Влатко СТОЈАНОВСКИ (Шкендија), Љупче ДОРИЕВ (Шкендија), Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Шкупи), Методија МАКСИМОВ (Работнички), Мартин СТОЈАНОВ (Септември Софија, Бугарија); 

Подготовките за конторлниот натпревар против Саудиска Арабија ќе започнат на 17. октомври. На тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе се одработат два тренинзи пред заминувањето за Абу Даби на 18. октомври.