Спорт // Спорт
Милевски со три напаѓачи, Македонија со офанзивен состав против Бугарија
Македонската фудбалска репрезентација, вечерва од 20-45 часот ја пречекува Бугарија, последен натпревар во Лигата на нации од групната фаза, од лигата „Ц“.
Македонија е втора со бод предност во однос на Бугарија, со нерешен или победа која ја посакуваме, ќе го потврдиме второто место во групата.
Селекторот Благоја Милевски со три измени во тимот во однос на стартните од Тбилиси, офанзивен со Трајковски, Милан Ристовски и Миовски.