Милевски: Три лоши реакции, момците го дадоа максимумот, ова е реалноста
Македонија загуби на првиот меч дома во Лигата на нации, и прв во групата, Грузија запиша убедлива победа со 0-3, со три гола во вториот дел.
Грузија ја залсужи победата, Македонија потфрли, голгетерска криза имаме, натпревар без постигнат гол во Скопје.
Селекторот Благоја Милевски
„Им ја честитам победата на Грузија, ние имавме три лоши реакции, доминиравме 50 минути, не постигнавме гол, ова е реално нашиот максимум во моментов. На следниот натпревар ќе се обидеме да се консолидираме, ќе има ротации во составот. Благодарност до публиката. Жалам што денеска и покрај тоа што играчите го дадоа максимумот, не успеавме да ги израдуваме и да дојдеме до добар резултат“ - изјави Милевски.
Следно за Македонија е дуелот со Гибралтар в недела од 18 часот во Скопје.