Милевски: Важен е нашиот тим, нашата игра, тука сме за победа

Македонската фудбалска репрезентација утре и гостува на Грузија, нашиот национален тим е Тбилиси од вчера, одржан и официјалниот тренинг.

Селекторот Благоја Милевски иако се соочува со многу повредени фудбалери, капитенот Ристовски, Адеми,Чурлинов, Етеми...сепак е оптимист дека нашиот тим е подготвен за добар резултат против Грузија.

„Ако не мислиме дека можеме да победиме, немаше ни да дојдеме тука. Секогаш се концентрирам како ќе функционира нашиот тим,  најважен е тимот, иако се важни и поединците, како во нашиот состав, така и во протвничкиот, ќе направиме се да ги искористиме сите шанси за прво место во Лигата на нации “ рече Милевски.


Дуелот Грузија – Македонија се игра утре од 18 часот во Тбилиси.