Милевски: Во Бугарија бевме пречекани спортски, така да биде утре, а на терен да ги победиме

Македонија ја очекува борба за второ место во групата од Лигата на нации, потребна е победа против Бугарија, а по поразот од Грузија.

Селекторот Благоја Милевски очекува тежок натпревар, најавува нов офанзивен приод и секако игра на три бода и победа.

„За промени во тимот нема сега да зборувам, ќе се потрудиме да победиме. Момците се расположени и спремни, и ќе покажат дека незаслужено загубивме во Грузија. Здравствениот билтен ќе биде појасен утре, што се однесува до теренот, не е во така добра состојба, на мое барање, 30 дена беше затворен, федерацијата направи се да се овозможат средства за репарација на теренот. Да ја оставиме политиката на страна, да најдеме начин да победиме, политиката не е важна, во Бугарија бевме одлично пречекани, така да биде тука, а на терен да покажеме дека сме подобри. Ги повикувам нашите навивачи на коректно навивање, како што беше во Бугарија од нивна страна, да ги поздравиме спортските пријатели, а на терен да победиме“-рече Милевски.

Дуелот, Македонија – Бугарија се игра од 20-45 часот утре, националната арена „Тодор Проески“ се очекува да биде исполнета со околу 20.000 гледачи.