Милевски: Во Грузија сме тука да победиме, да не мислевме така, немаше ни да дојдеме !
Македонската фудбалска репрезентација утре и гостува на Грузија, нашиот национален тим е Тбилиси од вчера, одржан и официјалниот тренинг.
Селекторот Благоја Милевски иако се соочува со многу повредени фудбалери, капитенот Ристовски, Адеми,Чурлинов, Етеми...сепак е оптимист дека нашиот тим е подготвен за добар резултат против Грузија.
„Ако не мислиме дека можеме да победиме, немаше ни да дојдеме тука, фудбалот е таков што понекогаш не подобрува подобриот тим, така беше во Скопје, противникот победи, а ние одигравме одлично.Тие се во форма, играат поразличен фудбал од претходно, ние треба да ги минимизраме грешките од Скопје, ние играме добар фудбал. Секогаш се концентрирам како ќе функционира нашиот тим, најважен е тимот, иако се важни и поединците, како во нашиот состав, така и во протвничкиот. Македонија имаше одлични натпревари во мундијалските квалификации, но во овие квалификации имаме многу проблеми со повредени играчи, но и ќе направиме се да ги искористиме сите шанси за прво место во Лигата на нации “ рече Милевски.
Дуелот Грузија – Македонија се игра утре од 18 часот во Тбилиси.