Милионерот глуми мачо и сѐ почесто става ботокс: „Лицето му изгледа како да се топи“

Сајмон Кауел на Твитер објави видео кое ги шокираше неговите фанови и сите се прашуваат што се случува со неговото лице.

Британскиот ТВ и музички магнат Сајмон Кауел предизвика загриженост кај обожавателите во новото видео кое го сподели на социјалните мрежи поради неговиот чуден изглед.

63-годишниот Сајмон на видеото изгледа непрепознатливо, со неверојатно мазен тен, светли бели заби и различни црти на лицето од вообичаено, а сето тоа укажува дека тој очигледно повторно прибегнал кон одредени козметички третмани.


Во видеото тој ги повикува луѓето да се пријават за новата сезона на британската верзија на шоуто „Суперталент“, но сите го коментираа неговиот изглед.


„Што му се случи на лицето“, „О, боже, за малку не го препознав“, „Лицето му изгледа како да се топи“, „Некој заборави да ги исклучи филтрите на Snapchat или?“, „Што му се случи со лицето и косата“ , „Сајмон Кауел секоја година станува помлад“, се само дел од коментарите.


Сајон за прв пат проговори за естетските зафати пред неколку години кога призна дека користи ботокс затоа што сака да изгледа помладо, но и дека ќе престане затоа што мисли дека претерал, но изгледа дека се предомислил на крајот.


Фото насловна: Youtube -  screenshoot - Dr. Gary Motykie

Фото и Видео: Твитер