Мима Караџиќ се ожени со 40 години помлада жена?! Прекрасна бринета во венчаница, а актерот позираа со насмевка од уво до уво!
Актерот Мима Караџиќ ги шокираше сите свои следбеници кога
објави фотографии во елегантен костум покрај многу помлада девојка во
венчаница. Мима никогаш досега не ја покажал својата избраничка пред јавноста,
ниту пак зборувал за плановите за брак.
Вечниот ерген, актерот Мима Караџиќ, ги изненади сите со најновите фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, а набргу потоа почнаа да се редат коментарите.
Имено, Мима на фотографиите е во елегантен костум, покрај згодна бринета во венчаница, па како бомба одекна веста дека актерот решил да застане на „лудиот камен“.
- Сето тоа е прекрасна игра, кога си во друштво на некоја природно убава, барем имаш впечаток дека и ти си поубав - напишал актерот покрај сликата со својата избраничка во бело.
Никогаш досега не зборувал за плановите за венчавка, ниту пак е виден во јавноста со младата синоока девојка.
Караџиќ објави и фотографија покрај видно помлада жена во венчаница, каде ја држи за раце и напиша:
- Ех, колку е волшебна убавината на жената.
Згодната бринета и повеќе од четириесет години постариот актер направија вистинска возбуда, а на прашањето дали навистина блескаше бурма на неговата рака не требаше долго да се одговори.
Женскиот дел од популацијата засега може да здивне, бидејќи овој пат Мима Караџиќ и манекенката Дејана Дубаиќ позираа само за модниот едиторијал на магазинот „Базар“.
Згодниот Црногорец, според сите проценки, уште долго гордо ќе ја носи титулата вечен ерген.
Фото: Инстаграм