Мима Караџиќ стапна на лудиот камен? Фотографија од црковна венчавка на актерот стана вирална

Близок пријател на српскиот актер, Милутин Мима Караџиќ објави фотографија од неговата црковната венчавка на „Инстаграм“.

Пријателот под фотографијата напиша:

- Верувале или не, денес се омажи Мима Караџиќ!


На фотографијата Мима има крива круна на главата, додека пред него и неговата невеста има свештеник кој ги венчава.

Фотката веднаш предизвика реакции на социјалните мрежи, и иако многумина сметаа дека актерот конечно стапнал на лудиот камен, сепак станува збор за фотографија од снимањето на серијата „Тимот од соништата“ на Дејан Зечевиќ, снимена според вистински настан, чии 12 епизоди го следи ликот на фудбалски фанатик и татко на 11 синови на Илија Ико Срдиќ.

Мима го игра ликот на Чалија, предводник на навивачите на малиот фудбалски клуб „Булбулдерац“, а главната улога на Ика му е доверена на Лазар Ристовски.


Извор: novosti.rs

Можеби ќе ве интересира:

„Рипна во тавче“: Се ожени Столе Стоилов, капитенот на Вардар