Минути на страв и паника во Банкок: Огромна дупка со длабочина од 50 метри се отвори на пат (ВИДЕО)
Утрово, дел од патот се урна пред болницата Ваџира во главниот град на Тајланд, Бангкок. Се формираше дупка долга и широка 30 метри и длабока 50 метри. За среќа, никој не е повреден, пишува „Бангкок пост“.
Сообраќајот е затворен во таа област од безбедносни причини. Амбулантските услуги во државната болница беа прекинати, а околу 3.500 пациенти беа евакуирани од блиските згради. Првичните извештаи покажуваат дека болничките згради не се оштетени.
На жителите на околните станови им беше наложено да се евакуираат. Два електрични столба и едно полициско возило паднаа во дупката по уривањето. Властите не ја објавија причината за уривањето. Гувернерот на Бангкок, Чадчарт Ситипунт, и тим службеници извршија увид на местото на настанот.Ги исклучи водата и електричната енергија
Ситипунт подоцна изјави дека уривањето се случило над станицата на метрото, поточно на раскрсницата помеѓу тунелот и станицата. „Почвата завршила во тунелот, предизвикувајќи уривање на околните структури и пукање на голема водоводна цевка“, рече гувернерот.
Властите ја исклучија водата и електричната енергија за да ја контролираат ситуацијата и да спречат понатамошни ризици. Други наредени итни мерки вклучуваа проценка на безбедноста на околните згради, следење на движењето на земјиштето и управување со сообраќајот во областа.
Државната болница ги прекина амбулантските услуги два дена. Стационарните услуги останаа во функција. „Другите болници управувани од Бангкок ќе бидат достапни за амбулантски случаи во овој период“, рече гувернерот.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: Index.hr