Миовски: Од поразот со Грузија да извлечеме поука, и да го победиме Гибралтар

Македонската репрезентација го минува периодот на „рехабилитација“ од поразот од Грузија, се подготвуваме за дуелот со Гибралтрар в недела, во кој влегуваме како големи фаворити.

Дали поразот во Скопје од Грузија ќе остави трага ќе се види в недела, Бојан Миовски е оптимист дека можеме да го надминеме моментот од негативниот резултат.

„Во денешно време нема лесни противници, одиграа 1-1 со Бугарија и докажаа дека се добра репрезентација. Треба да дадеме максимум и пристапот да ни биде ист, а така сметам дека ќе победиме убедливо. Разочарани сме по поразот од Грузија. Од овој пораз мора да извлечеме поука, да ги анализираме грешките и да ги залечиме раните против Гибралтар“, изјави Миовски.

Македонија и Гибралтар ќе се соочат в недела од 18 часот, на првата средба нашиот национален тим запиша победа со 2-0.