Мира Фурлан пред смртта: Дозволете ми да ги затворам очите
„Не се плашам“, напишала актерката Мира Фурлан, чија смрт го потресе целиот свет денес. Актерката, родена во Загреб, која живееше и работеше во Америка долги години, го загуби животот затоа што долго време страдаше од вирусот Западен Нил, кој и беше пренесен од заразен комарец. Поради сериозно боледување, таа ги помина последните неколку месеци во тешка состојба борејќи се за својот живот. Иако и беше укажана најдобра можна медицинска нега во американска болница, болеста за жал беше посилна. Додека многумина се збогуваат со легендата, социјалните мрежи се преполни со детали од нејзиниот живот. Така, меѓу тоа беше и нејзиниот последен пост на Твитер, непосредно пред нејзината смрт.
„Гледам во вездите. Ноќта е чиста, а Млечниот пат се чини толку близу. Ќе одам таму наскоро. „Сите ние сме од ѕвездите“, одеднаш се сетив на реченицата на Делен од сценариото на Џо. Не е лошо. Јас не се плашам. Во меѓувреме, дозволете ми да ги затворам очите и да ја почувствувам убавината околу мене. И длабоко вдишувам под темното небо полно со sвезди. Вдишувам. Издишувам. Тоа е сè “, се последните зборови на Мира Фурлан на социјалните мрежи.