Тренд // Стил
Мирисот на 3 генерации мажи: Chrome на Azzaro
Chrome од Azzaro е цитрусен ароматичен мирис за мажи. Хром беше лансиран во 1996 година. Носот зад овој мирис е Gerard Haury. Горните ноти се лимон, рузмарин, бергамот, нероли и ананас; средните ноти се јасмин, циклама, мов и коријандер; основните ноти се мошус, кедар, мов, сандалово дрво, кардамон, тонка и розово дрво.
Историјата на Хром е моменти на дружење и пријателски однос помеѓу три генерации мажи. Хром ги комбинира искуството и мудроста на зрелоста, енергијата на средовечен маж и безгрижното детство.
Парфемот е изграден на принципот на „нова свежина / nouvelle fraîcheur“. Доминираат акорди на цитрус и мошус.