Мисица со друга мисија: Чарли, големата љубов на Цеце
Таа е најтрофејната наша мисица. Неколку пати го прошета светот и натпреварите за убавина, а како манекенка беше заштитно лице на многу рекламни кампањи.
Цеце Орешкова, сега Георгиев е омажена за нашиот најпознат манекен и стоматолог, Кристијан Георгиев и ја имаат ќерката Кара Розмари. Подеднакво е успешна и на друго поле, а тоа е коњичкиот спорт.
И во оваа професија е најтрофејна со неколку златни и сребрени медали на државните и интернационалните првенства. Нејзин „сопатник“ е Чарли, коњот од расата Westphalian (германска раса на коњи).
- Од кога знам за себе, секогаш сум сакала да научам да јавам и навистина сум привилегирана што имам можност секојдневно да бидам опкружена со коњите. Најмногу сум фасцинирана од нивната интелегенција, елеганција моќ, кревкост, покорност- вели Цеце.
Пред пет години сосема случајно се запознала со овој спорт. Од тогаш тренинзите почнале да стануваат по напорни и по сериозни. Препонското јаванје за неа е вистински адреналин, треба доста размислување, концентрација, кондиција и сплотеност со животното.
- Бидејки и коњот има свои чуства и емоции, се тренира секој ден основно јавање, дресура, скокање препони. Со Чарли сме дел од тимот на “КК Бравадос“ каде што има тренери за почетно рекреативно јавање и за спортско јавање. Искрена да бидам, после подолга пауза се вратив на спортското јавање- додава Цеце.
Следен напревар е во Нови Сад и се надева дека ќе се врати со медал. Инаку, јавањетно има големи бенефити, ја подобрува концентрацијата, циркулацијата, ги зајакнува мускулите на р‘бетот и се активираат сите мускули, во светски рамки доста е застапена и хипотерапијата, а кај нас за жал се уште не е експонирана.
Нејзината ќерка Кара Розмари има 14 месици и навистина е вљубена во коњите, а со нетрпение чека да заврши со тренинг нејзината мајка и да се качи на коњ.
Цеце никогаш целосно не ја напушти модата.- Во план сум повторно да се вратам и на модата, јас воопшто не се откажав, само направив пауза и се посветив на мојата ќерка. Пред неколку месеци снимив спот во мојот коњички клуб заедно со Чарли за еден наш познат фолк пејач. Но голема желба ми е да снимам реклама со Кристијан Ахлман, еден од најдобрите јавачи во светот- потенцира убавицата.
Со сопругот функционираат одлично и за него вели дека е исклучителен човек, добар сопруг и татко и дека секогаш ја има неговата љубов и поддршка.
- Да не се мажите ние жените не би биле свесни колку сме силни! Еден исто интереснен податок е тоа што во коњичкиот спорт мажите и жените се на исто ниво и нема поделба како во останатите спортови- завршува Георгиев.
Небојша Толески