Митра слави роденден!

И по три години постоење, продолжуваме да работиме како да ни е прв ден!

Митра е целосно фокусирана на Вас. Секојдневно работиме целосно да одговориме на различните барања и очекувања од онлајн купувањето и да му понудиме на секој клиент, удобно, едноставно, безбедно и ефикасно искуство за купување, во секое време.

Нашата цел останува, зацврстување и експанзија на нашиот бренд и база на клиенти.

За 3 години научивме многу, но секогаш може и повеќе. Иако сме оптимисти, мора да останеме будни и спремни на предизвиците и пречките со кои ќе се соочиме за да ја оствариме нашата долгорочна визија.

Ја следиме љубопитноста и ги следиме вашите потреби и навики. Ги земаме во предвид сите ваши забелешки и преку нив се обидуваме континуирано да се подобруваме. Во Митра,  клиентот е секогаш во право.

Склучивме  договори со Diners за плаќање на 12 рати и понудивме кредит опции преку Iute pay со можност на плаќање до 36 рати.

Веруваме дека постојат значителни можности за пласман и на други пазари и затоа ја отворивме и ЕН верзијата што значи почнавме продажба и надвор од Македонија.

Денес е полесно и поевтино од кога било да се отвори веб-продавница. Но, потешко од кога било да се покажете и докажете, бидејќи бројот на веб-продавници расте од ден на ден.

Горди сме на овие три години постоење, особено затоа што на самиот почеток се соочивме со две сосема непредвидливи пречки,  пандемијата и глобалната светска економска криза. Но, сето ова, наместо како хендикеп,  го доживеавме како предизвик повеќе, со кој мора да се соочиме.

Се разбира и оваа година, само за вас, Митра го подготви Митра Фест 3, кој полека но сигурно станува традиција. И овој пат, најрелевантните музички имиња, од Македонската диџеј култура, со свои миксови екслузивно снимени за нашиот роденден, ќе се претстават пред вас и ќе се обидат да ве расположат со неверојатно добра музика.

Веруваме дека пред нас стојат уште многу предизвици, но Митра е подготвена за нив и храбро чекори понатаму.