Млад геј ја прашал мајката на својата пријателка дали може да преноќи кај нив, одговорот ги насмеа сите

Младото момче потоа ја објавило нивната преписка на Твитер, а бројните корисници на таа социјална мрежа, исто како него, биле воодушевени од нејзиниот одговор

Младиот човек Мејсон Брејн Баркли и девојчето Хјустон Шелтон станале најдобри пријатели, а како и сите тинејџери, така и тие сакале да имаат Sleepover, односно да ја поминуваат ноќта еден со друг, меѓутоа родителите на Хјустон имале правило дека луѓето од спротивниот пол не смеат да преноќат во нивната куќа. Но, нејзиниот најдобар пријател се декларира како геј и решил да ја праша мајката на Хјустон дали може да ја помине ноќта со нив бидејќи нема неморални планови за нејзината ќерка.

Затоа ѝ испратил порака, а не го очекувал нејзиниот одговор.


- Еј, госпоѓо. Шелтон! Овде Мејсон Брејн Баркли, јас сум еден од новите најдобри пријатели на Хјустон. Ако таа има друштво во петок кое ќе преспие кај неа, дали и јас, многу геј, може да учествувам во тоа - ја прашал тинејџерот мајката на својата најдобра пријателка, на што таа одговорила: - Хм, мојот сопруг е многу привлечен. Дали треба да бидам загрижена? - му напишала мајка ѝ. 

Младото момче потоа ја објавило нивната преписка на Твитер, а бројните корисници на таа социјална мрежа, исто како него, биле воодушевени од нејзиниот одговор.

Написот првично беше објавен во октомври 2017 година.


Фото: unsplash