Младен Крстајиќ: Сакам Бугарија да покаже карактер, и да ја победи Македонија, ова е фудбал, друго не ме интересира

Македонија ја пречекува Бугарија утре на арената „Тодор Проески“ во Скопје, натпревар за бодови, за престиж, за националниот дрес, за гордост.

Селекторот на Бугарија, Младен Крстајиќ, очекува Бугарија со карактер, и победнички меч.

Не очекува тежок противник, Македонија е добар тим, психолошки сме спремни, очекувам поинаков меч од претходно, очекувам поинаква Бугарија, која ќе биде тим со голема енергија. Сакам Бугарија да покаже карактер, и да победи против Македонија. Ќе играме на бодови, ама зависи и од противникот, не е важно дали со атрактивна игра, или со игра која нема да биде убава за око. Јас сум имал како играч и како тренер и селектор, вакви ситуации, ние ќе се насочиме на фудбал, а за ситуацијата тоа е работа на политичарите“ – изјави Крстајиќ.