Многумина не можат без него: Позитивните и негативните ефекти на утринското кафе

Најчесто првиот утрински ритуал на многумина е кафето или напитоци кои содржат кофеин. Некои луѓе воопшто и не можат да функционираат доколку не ја добијат потребната дозна на кофеин наутро.

сепак таа навика има добри и не толку добри ефекти. доколку сте помислиле што точно се случува во телото кога пиеме кафе или пијалоци со кофеин наутро, еве ги одговорите.

Генерално кофеинот го подобрува расположението, концентрацијата и го намалува апетитот. Ефектите траат со часови по конзумирањето. Би можело да се каже дека е нормално да се конзумираат до 400 милиграми кофеин на ден.  

Исто така, кафето може да го подобри помнењето, но најдобро влијае ако не го конзумирате пречесто. Покрај тоа, поттикнува лачење на допамин и го крева расположението, а ги намалува и симптомите на депресија. 

Додека се бројни позитивните ефекти на дејството на кофеинот врз мозокот, со желудникот е нешто поинаку. Кофеинот го зголемува нивото на киселина и може да предизвика гастритис. Oсвен тоа го намалува апетитот. 

Кофеинот го зголемува и крвниот притисок, но експертите велат дека тоа не се нивоа кои би требало да не загрижуваат. Односно, едно кафе нема толку да го подигне притисокот да може да направи штета кај здрави, возрасни личности.