Модерни и по дома: Лежерно, урбано и стилски облечени во секојдневни комбинации

Луксузни комплети пижами, тренерки, дуксери и многу повеќе ќе најдете на интернет страницата на Fashion Group, или во нивните продавници

Пандемијата на коронавирус која трае повеќе од една година, не' „затвори“ дома, особено сега кога има и полициски час и затворени се угостителските објекти. Многумина и работат од дома, а тоа не треба да значи и да се запоставиме и да не ги следиме трендовите и модата. Напротив, посетете ја онлајн продавницата на Fashion Group и изберете го вашето урбано секојдневно парче облека во кое ќе се чувствувате пријатно, а сепак модерно дури и во домашни услови во моменти кога е и повеќе од потребно.

Новите стилови модните дизајнери ги приспособија на моменталната состојба во светот и токму лежените парчиња се тренд број еден.

Во Fashion Group имате огромен избор на удобни парчиња, кои се идеални за уживање дома, но со многу стил.

Луксузни комплети пижами, урбани тренерки, дуксери, кои можете да ги вклучите во вашиот секојдневен изглед. Парчиња кои даваат возвишен изглед, но и чувство на комфорт. 

Наш предлог се следниве парчиња (за повеќе детали кликенете на фотографијата):


Фото: Fashion Group