Модриќ: Среќата е потребна, но Реал Мадрид е тука поради квалитет и сакаме финале

Реал Мадрид на четири кола до крајот во Ла Лига ја обезбеди титулата, сега брка гол негатива против Сити и пласман во финалето на Лигата на шампионите.

„Кралевите“ имаат фантастична сезона, а Лука Модриќ најавува дека среќата е потребна во животот и спортот, но квалитетот е пресуден.

„Едноставно не може на среќа да победите екипи како што се ПСЖ и Челси, па не бидете смешни, ние не сме случајно тука, меѓу четирите најдобри екипи во Европа, потребен е огромен квалитет и желба за успех, тоа се факторите што го прават Реал поинаков и поразличен, ние сме голем тим. За да дојдеме до финале, треба вечерва да го одиграме најдобриот натпревар сезонава“ – рече Модриќ на прес конференцијата.

Реал Мадрид и Сити вечерва се среќаваат од 21 часот, победникот оди во финале на дуел со Ливерпул.