„Моето срце крвари“: Очајна Авганистанка чија ќерка (2) беше прегазена во стампедо на аеродромот: „Чувствував чист ужас, не можев да ја спасам“

Очајна авганистанска мајка опиша момент на чист ужас во кој нејзината двегодишна ќерка беше прегазена до смрт на аеродромот во Кабул. Девојчето беше убиено во стампедо што настана додека толпа луѓе се обидуваа да се качат на авион за да избегаат од талибанскиот режим.

- Моето срце крвари. Тоа беше како да се удавам и да се обидувам да го држам моето дете над вода - изјави за Њујорк тајмс мајката, поранешна вработена во американска организација во Кабул.

Жната рече дека нејзиното семејство - сопруг, двегодишна ќерка, беспомошни родители, три сестри и братучетка - се обиделе да се качат на летот за да избегаат од земјата, кога толпа луѓе се упатиле кон влезната врата, пренесува „ Јутарњи лист “.

Таа се обиде да ја најде својата ќерка, но го најде само нејзиното безживотно тело откако толпата ја прегази.

„Чувствував чист ужас, не можев да ја спасам“, рече таа.

Таа додаде дека девојката била исклучително храбра во текот на целиот хаос.

Кога се слушнале истрелите, мајката и рекла на девојката дека се работи за огномет.

- Моето дете беше толку храбро. Кога ги слушна истрелите, само викаше дека се петарди - рече таа.

Мајката вели дека нејзиното семејство сепак не планира да се врати на аеродромот, пренесува „Јутарњи лист“.

„Претпочитам да умрам на достоинствен начин отколку вака“, рече таа.

Новинарот на Скај њуз, Стјуарт Ремзи, исто така, извести за хаосот на аеродромот: "Луѓето беа смачкани и газени до смрт. Мртвите се покриени со бели чаршафи".

Амбасадата на САД им порача на сите американски државјани да се држат подалеку од аеродромот поради потенцијалната опасност на влезната врата.

Тој совет е во директна спротивност со зборовите на претседателот Џо Бајден дека американските граѓани треба да го продолжат своето патување кон аеродромот, каде досега загинаа десетици луѓе.

Фото: SHEKIB RAHMANI / TANJUG/AP