„Мојата кралица“: Спасен Силјаноски горд на својата поубава половина Ана

Спасен Силјановски со години ја забавува македонската публика, но својата поголема популарност ја доживеа откако неговата песна „Ќе ти дојдам“ стана регионален хит. Тој од неодамна е дел и од емисијата „Везилка“ каде е водител со Адријана Алачки.

Пејачот е доста активен на социјалните мрежи и редовно на јавноста и открива дел од неговиот секојдневен живот. А сега со своите следбеници и фанови сподели колку му значи неговата поубава половина, неговата сопруга.

Гордиот Спасен покрај фотката од него и Ана напиша: „Мојата кралица“.

Парот е заедно скоро 10 години, а плод на нивната љубов се нивните две деца.

Фото: Инстаграм