Мојот е поголем од твојот: познатите актери не престануваат да се шегуваат еден со друг

Сите им завидуваат на нивното пријателство.

Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне се навистина добри пријатели, и какво пријателство е ако пријателателите не се шегуваат?

Поранешниот гувернер на Калифорнија објави на “Инстаграм“ видео во кое му честита на Сталоне за новиот филм што пристигнува во кината „Рамбо: последната крв“.

Пред снимањето, Терминаторот покажал нож користен во Рамбо што Сталоне го потпишал и донирал во добротворна организација.

„Само што видов нож кој си го потпишал за добротворни цели. Неверојатно е, погледнете го овој нож. Но, тоа не е нож. Ова е нож. Ова го користевме во “Предатор“. Малку поголем од твојот, но не грижи се", рече тој. 

 Арнолд му се обраќа на Сталоне покажувајќи го ножот.

Потоа му честиташе пријателот на новиот филм и му посака успех во кината.

„Ќе биде хит, ќе растуриш. Ти си најдобриот“, го охрабри Сталоне.

View this post on Instagram

Good luck with Rambo this weekend, @officialslystallone. I loved it, and when it’s a hit I’m going to buy you a new knife to celebrate.

A post shared by Arnold Schwarzenegger (@schwarzenegger) on


Она што е интересно е дека двајцата не биле секогаш пријатели.

"Се мразевме во осумдесеттите, бидејќи бевме двајцата во ист бизнис и сакавме да се фрлиме еден во друг во сенка. Тоа беше војна. Се натпреварувавме кој имаше поголеми мускули, кој уби повеќе луѓе на филм, кои убива на подобар начин , кој заработи повеќе пари. Конечно почнавме да се дружиме во 1990 година и од тогаш се дружуваме до денес“- рече Шварценегер во интервјуто во 2014 година.