Мојот е поголем од твојот: Шварценегер повторно го предизвика Сталоне

Амолд Шварценегер повторно го запали интернетот кога на духовит начин го предизвика својот колега, Силвестер Сталоне. Секако, овој предизвик беше само шега која имаше за цел да го насмее Силвестер, но и сите нивни заеднички обожаватели.

Сталоне го потпиша легендарниот нож од Рамбо филмовите и го донираше во добротворни цели за да се соберат средствата кои се потребни. Меѓутоа, Шварценегер го донесе својот нож кој го користеше во Предатор и оваа порака му ја посвети на Сталони:

„Го видов оној нож кој го потпиша и донираше во хуманитарни цели, навистина е неверојатен, но тоа не е нож, ова е нож. Него го користевме во Предатор и мора да признаеш дека е малку поголем од твојот“ - порача Шварценегер кој низ насмевка се шегуваше со својот колега на кој му се придружи во донацијата.