„Мојот сопруг изгледа идентично на Новак Ѓоковиќ, дури и нашиот син мисли дека Ноле му е татко“: Сите останаа запрепастени од сличноста
Новак Ѓоковиќ со години ужива светска слава благодарение на врвните резултати на теренот. Српскиот тенисер, кој со освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Париз освои се‘ што може да се освои во белиот спорт, стана најголемиот играч на сите времиња. Затоа и не е чудно што многумина се импресионирани кога некој ќе им даде комплимент дека личат на тенискиот ас, па почнаа јавно да се фалат со тоа.
Една жена по име Луси Финк многу гордо на својот профил на TikTok покажа колку личи нејзиниот сопруг со Новак Ѓоковиќ. Иако на почетокот многумина би помислиле дека таа само „сака внимание и лајкови“, бидејќи многу корисници на социјалните мрежи ќе бидат привлечени да го гледаат нејзиното видео до крај, ќе испадне дека таа била многу искрена во својата презентација - затоа што нејзиниот емотивен партнер е со неверојатна сличност на најдобриот светски тенисер - кога е во прашање физиономијата на лицето.
@tennis.legend @Lucie Fink baby thinks his dad is Novak Djokovic and plays at @wimbledon #tennis #tennislegend #tenis #tennistiktok #wimbledon #nole #nolefam #novakdjokovic #djokovic #babytennis #baby #tennislife #tennisvideo #tennisfans #tennsfan original sound - Tennis Legend
„Луѓето го запираат цело време“, вели таа во видеото кое стана толку вирално што го сподели и популарниот тениски сајт @tennis.legend.
Колку овој непознат маж физички личи на Новак доказ е реакцијата на нивното бебе кога го виде Ѓоковиќ на телевизија.
„Тато, тато“, вика синоокото малечко детенце за тенисеротдодекаго гледа како се натпреварува.
„Неверојатно“, „Маж ти е буквално Новак Ѓоковиќ“, „Човеку, тие се близнаци“, „Ова е лудо, нереално е колку личат“, „Така беше и со татко ми, кој личи на познат актер и додека одев на училиште, сите мислеа дека глуми во филмови“, напишаа воодушевените корисници на TikTok, а многумина го означија тенисерот во коментарите со надеж дека ќе го погледне видеото и ќе го каже својот впечаток.
Новак досега не се изјаснил, а несомнено и самиот би бил воодушевен од сличноста со анонимниот маж, но најмногу од реакцијата на бебето кое го помешасо „вистинскиот татко“.
Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot
Видео: ТикТок