Моќни и секси: Македонки кои се соблекоа

Убавината е во окото на набљудувачот, ама многу е важно кој и каков е тој. Но, никој не може да биде рамнодушен на храброста на овие дами да се соблечат без предрасуди...

Македонките кои храбро се разголеа пред јавноста, тоа го направија на најдобар можен начин. На фотографиите изгледаат моќно, секси, самоуверено и естетски убаво. И денес инспирираат и иритираат, создаваат, немаат предрасуди и не живеат за туѓите озборувања. 

Она со што повеќето би се сложиле е дека на нивните разголени фотки изгледаат светски, стилски одлично усогласени и „пукаат” од сексипил. Оставија трага, па да видиме како изгледаат голи или полуголи:

Викторија Лоба

Се крена прашина кога снимаше календар разголена. Видовме друга, интимна страна на Лоба која ја сподели со сите. Нејзината убавина и во партали е забележлива, а камоли гола.

Тамара Тодевска

За неа имаше милион реакции кога го покажа голото тело. А има и што да покаже! Убавицата со златно грло изгледа заносно, „спакувана” во одличена сензибилна и моќна уметничка приказна.

Миа Костова

Таа е толку впечатлива, бунтовна и модерна, што и разголена уште повеќе инспирира. Иако се одлучи неодамна да ги корегира градите, и без тоа е синоним за вистинска женственост.

Марјана Станојкоска

Незиното тело и шарм  беа наградени и со светска титула за убавина. И разголена и облечена е поим за совршенство. Голем професионалец е и знае како се создава аура која ќе трае.

Ивана Кнез

Постојано крши стереотипи, табуа, правила… Модната дизајнерка драстично ослабе, има супер линија, па реши бестрашно да покаже како тоа изгледа и да ги инспирира девојките да не се плашат од своето тело.

Емилија Розман

Официјалната Мис на Македонија за 2015 година денес е уште поубава. Секогаш кажува дека нема проблем да се соблече кога е во прашање професионална фотосесија или спот бидејќи е свесна дека така се работи и на запад. 

Фото: Инстаграм- Фејсбук