Технологија // Технологија
Можеби не е висока технологија: Ова е најдобриот „гаџет“ во време на корона?
Најдобрата работа во сето ова е тоа што овој „гаџет“ можете и сами да го направите, односно да го отпечатите на 3Д печатар
Повеќе пати досега слушнавме дека коронавирусот на некои површини може да преживее до три дена. Па така, помеѓу останатото, често се наложува на кваките од вратите, што е секако едно од местата во домот и надвор од него, со кој најчесто нашите дланки доаѓаат во контакт.
Затоа белгиската компанија Materialise создаде посебни додатоци за кваки, со чија помош можно е вратите да се отвораат без допирање на кваките со дланка. А, најдобрата работа во сето тоа е што овој „гаџет“ можете да го направите и сами, односно да го отпечатите на 3Д печатар.