Можност што не се пропушта: Станови во „Гранд Ривер“ преку супер поволни кредити
Станбените единици кои се градат во рамки на објектот „Гранд Ривер“ кој никнува спроти хотелот „Холидеј Ин“ во центарот на Скопје, од сега се достапни и преку кредити за недвижности во градба со одлични услови, креирани во согласност со македонските стандарди.
Со тоа изградбата на финансиска конструкција за набавка на нов дом на најдобрата локација во Скопје станува многу полесна и подостапна. Преку станбените кредити на банките партнери на инвеститорот на комплексот „Гранд Скопје“- МГ Фешн, имањето сопствен простор, индивидуалноста и слободата се на чекор од вас.
Станбените кредити наменети за објектот „Гранд Ривер“ нудат бројни поволности како: најдолг рок на отплата, атрактивна месечна рата, гарантирана каматна стапка, ослободување од административни и нотарски трошоци за одобрување на кредитот итн.
Атрактивна месечна рата и рок на отплата
Цените на недвижностите не секогаш се фиксни, односно цената по квадратен метар е често детерминирана од самите карактеристики на станот за кој сте заинтересирани. Оттука, станови со иста или слична квадратура можат да имаат различни цени зависно од нивната ориентација, внатрешниот распоред и др.
Но, цената на посакуваниот стан нека не ви задава грижи затоа што со станбените кредити на банките партнери на инвеститорот на комплексот „Гранд Скопје“ може да добиете атрактивен рок на отплата и поволна месечна рата.
Гарантирана каматна стапка
Сигурна основа за вашата финансиска конструкција за ново живеалиште во објектот „Гранд Ривер“ даваат и гарантираните каматни стапки на станбените кредити, кои пак ви се достапни со повеќе опции за да се стекнете со идеален дом по најповолни услови. Ова овозможува да направите долгорочен план за распределба на вашите финансии и купувањето стан да не ве лиши од останатите задоволства кои го збогатуваат вашето живеење.
Промотивни услови
Доколку својата иднина ја гледате во срцето на Скопје, во современ комплекс со многубројни поволности, изграден согласно највисоките стандарди во градежништвото, имате одлична можност без дополнителни трошоци вашиот дом да го исплаќате на кредитни рати.
За сите оние кои одлуката за свој нов дом ќе ја донесат до крајот на месецот ноември постои можност за 100% ослободување од административните трошоци, целосно ослободување од трошоци за процена, како и ослободување од нотарски трошоци за станбен кредит за вашиот нов дом во идното обележје на градот објектот „Гранд Ривер“.
За да се информирате за сите поволности кои ги овозможуваат банките партнери на МГ Фешн, Комерцијална банка и Стопанска банка, може да ја посетите официјалната веб-страница на „Гранд Скопје“ https://grandskopje.mk/grandkrediti .
Детален одговор на сите ваши прашања пак може да добиете во продажниот салон на комплексот, кој се наоѓа на првиот кат во ГТЦ, во близина на киното „Милениум“, секој работен ден од 08 до 18 часот или, пак, да го контактирате тимот задолжен за продажба на телефонските броеви: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e-mail: info@grandskopje.mk.
ПР објава